23 November 2012

Основни информации за проектот

Обуката: Зајакнување на ИКТ вештините е една од многуте обуки понудени во Comenius - Grundtvig Training Database, кои се дел од акцијата: Обука на работно место, како дел од програмата за Доживотно учење на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Целта на акцијата Обука на работно место е подигнување на квалитетот на училишното образование преку обезбедување на обука за кадарот во училиштата во друга земја различна од таа во која живеат и работат.

Повеќе информации за програмата Доживотно учење како и за нејзините потпрограми може да најдете на страната на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на следниот линк.

Зајакнување на ИКТ вештините е обука која има за цел да им овозможи на наставниците запознавање со разни алатки и активности кои обезбедуваат вклучување на технологијата во училницата. Користењето на web 2.0 алатки кои се бесплатни и може да го подигнат квалитетот на наставата и интересот на учениците е главна тема на обуката.
Подетално податоци за оваа обука може да најдете на следниот линк.

06 November 2012

Основни информации за Малта

Земја - домаќин на обуката за Зајакнување на ИКТ вештините беше Малта. А каде се наоѓа Малта?


Малечка држава во центарот на Медитеранот. Островска држава која ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното море. Трите најголеми и населени острови се Малта, Гозо и Комино, додека помалите како Филфа, Коминото и други се ненаселени. Држава членка на Европската Унија и земја во која Црквата има големо влијание врз животот на луѓето. Повеќе за Малта може да видите на следните сајтови, кои беа препорачани од институцијата организатор на обуката и кои ветуваа незаборавно патување во прекрасна држава.

http://www.new.visitmalta.com/en/about-malta
http://www.sacred-destinations.com/malta/sacred-sites
http://www.maltavoyager.com/virtualtours.html

За да може да се запознаете со убавините на Малта може да погледнете некои од видео записите за оваа иако мала, сепак прекрасна држава која ја почитува својата традиција.


05 November 2012

Прв контакт со Малта


Патувањето започна!!!
Иако беше врнежливо време во Македонија (а и секаде по пат) на аеродромот во Малта не дочека прекрасен медитерански воздух и високи температури.


Организацијата беше на многу високо ниво па наскоро пристигнавме и во фамилијата каде што бев сместена. Да не го заборавам возењето со голема брзина, по тесни улици, и секако на лева страна. Прекрасна населба во мирно соседство, во кое е задржан традиционалниот начин на градење куќи и во која се чувствува природниот шарм на оваа држава.


Веднаш се доби можност за раговор со домаќините за Малта, нејзината историја, култура, луѓе и се она што е карактеристично за една држава. А да, веднаш се доби можност и за промовирање на Македонија во друга држава.